dvv international in South East Europe
 
 
Дома Југоисточна Европа Pаботилница во Љубљана
Резултати од регионалната конференција и работилница на КОНФИНТЕА VI во акција

На покана од Министерството за образование и спорт на Словенија, во организација на dvv international во соработка со Сојузот за образование на возрасни во Словенија, околу 40 експерти од Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Македонија и Косово (како и гости од Ерменија, Белорусија, Норвешка и Чешка) се состанаа на 2-ри јуни 2011 година во Љубљана за да посочат заеднички регионални точки на follow up на интернационалната конференција на УНЕСКО за образование на возрасни. Овој настан од исклучителна важност се оддржа во декември, 2009 во Белем, Бразил и со потпишување на Белемската рамка за акција, 140 влади се обврзаа заедно да ги подобрат условите за учење на сите возрасни и да ги опремат со потребното знаење, способности, вештини, компетенции и вредности, да ги применуваат и да се залагаат засвоите права и да ги земат судбините во свои раце'. На овој начин повторно се потврди значајната улога на доживотното учење во поглед на глобалните и образовни прашања и предизвици и потребата да се овозможи учество и вклученост.

Регионалната конференција и работилница беше одлична можност да се споделат искуства на позитивни соработки на различни акционери (владини институции, граѓански организации, професионални асоцијации итн.) од југоисточно- европскиот регион во соработка со КОНФИНТЕА VI во 2008. За време на првиот дел од конференцијата, учесниците ги понудија резултатите од национални работилници во врска со реализирањето и набљудувањето на понатамошниот процес на КОНФИНТЕА VI што се оддржа во Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Косово, и Црна Гора во февруари и март, 2011. Размената на искуства уште повеќе се збогати со примерите на позитивна пракса коишто се одвиваат Словенија, Чешка и Норвешка во секторот на Образование на возрасни. Арне Карлсен, новоназначениот директор на Институтот за доживотно учење на УНЕСКО, лоциран во Хамбург, даде опширен преглед на развојот по Белемската конференција, вклучувајќи ја и комуникациската стратегија за КОНФИНТЕА VI follow up.

Во интерактивниот дел на конференциската работилница учесниците посочија на најважните прашања што треба се разгледаат на регионално ниво во поглед на Белемската рамка за акција:

 

  • да се лобира и промовира образованието за возрасни
  • да се развие заеднички метод за собирање на податоци
  • да се сподели позитивна пракса
  • да се посочат заеднички стандарди на квалитет и референцијални точки за образование за возрасни
  • и, да се продолжи со регионалната соработка за изготвување на среднорочни извештаи и подготвителни процеси на КОНФИНТЕА VII!

 

Од особена важност беше размената меѓу ротирачките работни групи кадешто сите учесници имаа можност да ги дискутираат понатамошните чекори за реализација базирани на матрицата на набљудување на Белемската рамка за акција.

Што може да се направи на регионално ниво?

 

Политика, Раководење, Финансирање

  • да се развијат заеднички рамки и инструкции; да се хармонизираат стратегиските акции
  • да се стимулира размената на позитивна пракса во различни земји
  • да се изгради социјално партнерство- тројна поддршка
  • да се развијат зеднички програми за способност (да се овозможи мобилноста во регионот)
  • да се развијат заеднички стандарди за квалитет
  • да се промовира доживотното учење (на пример, регионални фестивали)
  • да се подобри меѓуминистерската соработка
  • да се сподели финанскиската обврска за образование за возрасни
  • да се вклучи приватниот сектор

 

Учество, вклученост

  • да се основа регионална работна група за уметност, целни групи, потреби и граници
  • да се посочат заедничките цели и целните групи за учество
  • да се посочат референцијалните точки на регионално ниво за учество, писменост и други теми
  • да се промовира писменост (како и меѓугенерациска писменост)
  • да се создаде регионален форум или портал за размена на позитивна пракса од учеството (особено за маргиналните групи) и писменост
  • да се организираат состаноци и работилници за експерти и ученици на регионално ниво
  • да се организираат регионални проекти
  • да стане член на Европската мрежа на основни вештини
  • да се вклучат општествено одговорни инвеститори

 

Квалитет

  • да се развие заеднички метод, според европските стандарди
  • да се подобри споредливоста на квалификациите во регионот
  • да се развие модуларен приод и кредит систем
  • да се развијат заеднички критериуми и индикатори за сигурност на квалитетот, на пример, да се постави заеднички верификациски систем и заеднички испитни центри
  • да се развие тренингот на тренерите на регионално ниво и да се дефинираат заедничките способности (на пример, Регионална андрагошка академија- АРА на dvv international)

 

Пишување на среднорочни извештаи

  • да се постават национални тимови и да се создаде група на регионални експерти чија задача би била овозможување размена, разјаснување на структурата и методите на UIL мрежите, собирање на информации од регионот и контакт со UIL во Хамбург
  • да се побара финанскиска поддршка (на национално ниво, Европската комисија, dvv international, УНЕСКО)
  • да се започне навреме со подготовките на среднорочните извештаи!
  • Да се вклучат високо рангирани политичари
  • Да се дефинираат аргументи за да се убедат креаторите на политиката

 

Некои од споменатите прашања и проблеми се тема на RCC task force (Регионален Совет за соработка во склоп на рамката на југоисточно европскиот процес на соработка- SEECP). Затоа, соработката со RCC е корисна за регионалната реализација и набљудување на Белемската рамка за акција.

 
<<<