dvv international in South East Europe
 
 
Дома Новости Започна порталот за Европската рамка на квалификации
Започна порталот за Европската рамка на квалификации
21 Јули 2011

Европската рамка на квалификации за доживотно учење обезбедува заедничка рамка за референци која помага во споредувањето на националните системи за квалификација, рамки и новните нивоа.

Служи како направа за преведување за да ги направи квалификациите почитливи и поразбирливи во различни земји и системи во Европа и како резултат на тоа да го промовира доживотното и life-wide учење, и мобилноста на европските државјани без оглед дали учат или работат во странство.

Со цел да проработи ЕРК, европските земји кои учествуваат во „Образование и обука 2020" се поканети да ги израмнат нивните национални нивоа за квалификација со нивоата на ЕРК и да ги наведат сите важни ЕРК нивоа во сите нови сертификати за квалификација, дипломи и Еуропас документи.

ЕРК порталот обезбедува резултати од националниот процес за израмнување на националните нивоа за квалификација со нивоата на ЕРК. На страната „Compare Qualifications Frameworks " можно е да се спореди како националните нивоа за квалификација на земјите кои веќе го финализираат нивниот процес на референцирање се поврзани со ЕРК.

ЕРК порталот дава информации и за „За ЕРК" имплементација, „Клучни термини" кои се договорени од сите земји кои учествуваат во Портлот и се основа која се зема предвид кога се соработува со акционери на национално и интернационално ниво во имплементирање на ЕРК. Исто така, треба да се собере важна „документација" за порталот – официјален документ за препорака за воспоставување на ЕРК, други клучни документи за нивната политика и ЕРК белешки и „Корисни линкови" води до други извори на информации кои може да се покажат како корисни за споредбата на квалификациите. Исто така е можно е да се зачлените за различните изданија на „ЕРК весникот" преку ЕРК порталот.

http://ec.europa.eu/eqf/home_en.htm

 
<<<