dvv international in South East Europe
 
 
Дома
КОНФИНТЕА 6 во Акција

Во декември 2009, беше одржана 6-тата конференција за озбразование на возрасни. Целта на Конфинтеа 6 беше (и сеуште е) да се зацврсти идејата „да живееме и учиме за остварлива иднина; моќта на учење на возрасните". За да се оствари оваа цел, направени се неколку глобални препораки заедно со листа на упатства за организации и институции активни во полето на образование на возрасни. Документот кој ги содржи упатствата и препораките за прашањата како што се писменост на возрасните, политика, владеење, финансирање, учество, вклученост, еднаквост и квалитет, го даде името " Белемска рамка за акција".

Иако "Белемската рамка за акција" беше пофалена за покривање на широк спектар на прашања, беше предмет и на критика. Главната загриженост која се појави во јавните дискусии беше тврдењето дека Белемската рамка за акција е премногу глобална. Со други зборови, упатствата и препораките треба да бидат фокусирани и спроведени на регионални и национални нивоа.

Имајќи го тоа предвид, Конфинтеа 6 во Акција е формирана со цел да ја направи Белемската рамка за акција повидлива, динамична и достапна за организациите и луѓето активни на полето на образование на возрасни во Југоисточна Европа. Може да се смета како преведување на глобалните упатства на Белемската рамка за акција во подостапна Југоисточно-Европска верзија за тоа што треба да се направи, со цел да се подобри доживотното учење во регионот.

Друга причина за загриженост е фактот дека образованието на возрасни и доживотното учење сеуште се борат со веќесоздадената слика дека тоа се однесува на постари луѓе кои се досадуваат. Поради тоа, Конфинтеа 6 во Акција се стреми да ја промовира перцепцијата за образованието за возрасни и доживотното учење како динамичен концепт, како процес на учење и личен развој кој се случува секој ден низ животот на еден човек.

 
<<<